Број 25 Год. LXIV Среда, 20 февруари 2008 Цена на овој број е 190 денари www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk С О Д Р Ж И Н А Стр. 360. Одлука за испраќање на единици на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција во Авганистан... 2 361. Оглас за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Македонија што ги избира Собранието на Република Македонија... 2 362. Одлука за висината на вкупниот надоместок за репродуцирање на авторско дело за приватно користење... 2 363. Правилник за дополнување на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите. 3 Стр. 364. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за издавање на документ касова сметка за сторна трансакција и за функционалните и техничките карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати и интегрираниот автоматски систем на управување. 3 365. Дозвола за вршење на финансиски лизинг. 11 366. Дозвола за вршење на финансиски лизинг. 11 367. Решение од Министерството за правда 11 368. Правилник за поблиските критериуми за спречување и сузбивање на интрахоспиталните инфекции... 11 Огласен дел... 1-64
Стр. 2 - Бр. 25 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 февруари 2008 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 360. Врз основа на член 41 став 3 од Законот за одбрана ( Службен весник на Република Македонија бр. 42/2001, 5/2003 и 58/2006), Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 19 февруари 2008 година, донесе О Д Л У К А ЗА ИСПРАЌАЊЕ НА ЕДИНИЦИ НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО МИРОВНАТА ОПЕРАЦИЈА ВО АВГАНИСТАН 1. За учество во мешовитиот оперативно менторски тим за врски (ОМЛТ) во мисијата ИСАФ во Авганистан, заедно со припадниците на вооружените сили на СР Германија, Шведска и Норвешка, се испраќаат двајца припадници на Армијата на Република Македонија (еден офицер и еден подофицер), за период од шест месеца, сметано од март 2008 година. 2. Финансиските трошоци за транспорт, сместување, исхрана и итна медицинска помош на учесниците од точката 1 на оваа одлука ги обезбедува Република Македонија. 3. Подготовките и организацијата на учесниците во мировната операција, ќе ги изврши Министерството за одбрана. 4. По завршувањето на учеството во мировната операција, Владата на Република Македонија поднесува извештај пред Собранието на Република Македонија. 5. Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 07-868/1 Претседател 19 февруари 2008 година на Собранието на Република Македонија, Љубиша Георгиевски, с.р. 361. Врз основа на член 14 став 1 алинеја 3, а во врска со членовите 15 и 32 став 1 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија ( Службен весник на Република Македонија бр. 150/2007) претседателот на Собранието на Република Македонија, на 18 февруари 2008 година, распиша О Г Л А С ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА ЈАВ- НИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕ- ДОНИЈА ШТО ГИ ИЗБИРА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1. Собранието на Република Македонија ќе врши избор на тројца членови на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. 2. Заинтересираните кандидати, универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, пријавите со потребните документи да ги поднесат до Собранието на Република Македонија во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Огласот во Службен весник на Република Македонија. 3. Овој оглас ќе се објави во Службен весник на Република Македонија и во весниците Дневник, Утрински весник и Факти. Бр. 07-833/1 Претседател 18 февруари 2008 година на Собранието на Република Македонија, Љубиша Георгиевски, с.р. ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 362. Врз основа на член 21-ж став 1 од Законот за авторското право и сродните права ( Службен весник на РМ бр. 47/96, 3/98, 98/02, 4/05 и 131/07), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 12.02.2008 година, донесе О Д Л У К А ЗА ВИСИНАТА НА ВКУПНИОТ НАДОМЕСТОК ЗА РЕПРОДУЦИРАЊЕ НА АВТОРСКО ДЕЛО ЗА ПРИВАТНО КОРИСТЕЊЕ Член 1 Со оваа одлука се утврдува висината на вкупниот надоместок за репродуцирање на авторско дело за приватно користење. Репродуцирање во согласност со Законот за авторско право и сродни права се смета: тонско или визуелно снимање и фотокопирање. Член 2 Надоместокот за тонско и визуелно снимање се плаќа при прва продажба или увоз на апарати за тонско и визуелно снимање, кои според декларација на производителот овозможуваат тонско и/или визуелно снимање и тоа: 1. Касетофон, магнетофон и друг соодветен апарат за тонско снимање... 15,00 ден. 2. Видеорекордер и друг соодветен апарат за визуелно снимање...105,00 ден. 3. Апарати за аудио снимање (ЦД), апарати за аудио/видео снимање (ДВД), апарати за снимање на минидиск (МД) и други соодветни апарати за тонско и/или визуелно снимање... 125,00 ден. 4. Апарати кои не се исклучиво наменети за тонско и/или визуелно снимање (компјутер како компјутерска целина, хард дискови, УСБ меморија, ДВД снимачи, МП3, МП4 плејери, мобилни телефони и други апарати со интегрирана меморија) и друг соодветен апарат... 25,00 ден. Член 3 Надоместокот за тонско или визуелно снимање се плаќа при првата продажба или увоз на нови неснимени носачи на тон, односно на тон и слика. Надоместокот се однесува на секој поединечен носач, кој, според декларацијата на производителот овозможува тонско и/или визуелно снимање на дела и тоа: 1. Аудиокасета, видеокасета, магнетофонска лента и друг соодветен носач 2. Аудио (ЦД), видео (ДВД), минидиск (МД) и друг соодветен носач - а) Носачи на тон во траење до 120 минути... 0,60 ден. - б) Носачи на тон во траење над 120 минути...1,20 ден. - в) Носачи на тон и слика во траење до 180 минути...1,20 ден. - г) Носачи на тон и слика во траење над 180 минути...1,80 ден. Член 4 Надоместокот за фотокопирање, се плаќа за прва продажба или увоз на нови апарати за фотокопирање, за секој поединечен апарат, кој според декларацијата
20 февруари 2008 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 25 - Стр. 3 на производителот овозможува фотокопирање или други техники за репродуцирање со ист ефект на фотокопирање (факс, печатар, фотопечатар и друг соодветен апарат) со учинок: 1. До 12 фотокопии/страни во минута... 100,00 ден. 2. Од 13 до 36 фотокопии/страни во минута...150,00 ден. 3. Над 36 фотокопии/страни во минути...250,00 ден. 4. Други апарати без разлика на учинокот (скенер и други)...40,00 ден. Висината на надоместокот од став 1 на овој член за секој апарат за фотокопирање во боја е во двоен износ, од износот утврден во став 1 од овој член. Член 5 Надоместокот за секој фотокопиран примерок наменет за продажба на физичко лице, изработена во црно бела техника изнесува 1% од продажната цена за секој фотокопиран примерок. Висината на надоместокот од став 1 на овој член за секој фотокопиран примерок во боја, наменет за продажба на физички лица е во двоен износ, од износот утврден во став 1 од овој член. Член 6 Одредбите од оваа одлука се применуваат во обем и во случаи соодветно на одделни видови на сродни права. Член 7 Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 јануари 2008 година. Бр. 19-1013/1 Заменик на претседателот 12 февруари 2008 година на Владата на Република Македонија, м-р Зоран Ставрески, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ 363. Врз основа на член 58 од Законот за акцизите ( Службен весник на Република Македонија бр. 32/2001, 50/2001, 45/2002, 98/2002, 24/2003, 96/2004 и 38/2005), министерот за финансии донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ Член 1 Во Правилникот за спроведување на Законот за акцизите ( Службен весник на РМ бр. 40/2001, 72/2001, 89/2001, 50/2002, 86/2002, 19/2003, 54/2003, 6/2004, 6/2005, 44/2006 и 137/2006), во членот 12, во ставот (1), по точката 11 се додаваат две нови точки 12 и 13 кои гласат: 12. Потврда од Управата за јавни приходи дека барателот редовно ги исполнува даночните обврски. 13. Потврда од Царинската управа дека барателот ги исполнил царинските обврски. Член 2 Во членот 22, во ставот 1, по точката 6 се додаваат две нови точки 7 и 8 кои гласат: 7. Потврда од Управата за јавни приходи дека барателот редовно ги исполнува даночните обврски. 8. Потврда од Царинската управа дека барателот ги исполнил царинските обврски. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 11-6183/3 18 февруари 2008 година Министер за финансии, д-р Трајко Славески, с.р. 364. Врз основа на член 10 став 2 и член 19 од Законот за регистрирање на готовински плаќања ( Службен весник на Република Македонија бр. 31/2001, 42/2003, 40/2004, 70/2006 и 126/2006), министерот за финансии донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРА- ВИЛНИКОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОКУМЕНТ КАСО- ВА СМЕТКА ЗА СТОРНА ТРАНСАКЦИЈА И ЗА ФУНКЦИОНАЛНИТЕ И ТЕХНИЧКИТЕ КАРАКТЕ- РИСТИКИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИМААТ ФИСКАЛНИ- ТЕ АПАРАТИ И ИНТЕГРИРАНИОТ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ НА УПРАВУВАЊЕ Член 1 Во Правилникот за издавање на документ касова сметка за сторна трансакција и за функционалните и техничките карактеристики кои треба да ги имаат фискалните апарати и интегрираниот автоматски систем на управување ( Службен весник на Република Македонија, бр. 55/2001, 57/2001, 99/2001, 91/2004, 61/2005 и 3/2008), во член 7 став (8) бројот 1825 се заменува со бројот 1095. Во став (11), по точката 6 се додаваат три нови точки 7, 8 и 9 кои гласат: 7. вкупен промет од македонски производи; 8. вкупен ДДВ од македонски производи по секоја поединечна даночна стапка за период на затворање; 9. вкупен ДДВ од македонски производи за период за затворање; Точката 11 се брише. Точките 7, 8, 9, 10 и 12 стануваат точки 10, 11, 12, 13 и 14. Во став (14) бројот 5 се заменува со бројот 3. Член 2 Во член 28 став (1) по точката 7 се додаваат три нови точки 8, 9 и 10 кои гласат: 8. вкупен промет остварен од македонски производи кој треба да биде искажан со текстот ПРОМЕТ ОД МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ и не може да се појави на било која друга линија во сметката; 9. пресметаниот данок од македонски производи прикажан по даночните стапки, заедно со даночниот код доколку се користи; 10. вкупен износ на данок од македонски производи;
Стр. 4 - Бр. 25 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 февруари 2008 Точката 13 се брише. Точките 8, 9, 10, 11, 12, 14, 15 и 16 стануваат точки 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17 и 18. Член 3 Во член 30 став 2 по точката 4 се додаваат осум нови точки 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 кои гласат: 5. опис и количина на прометот на добро односно услуга, цена и износ, по поединечни даночни стапки; 6. износите треба да бидат поврзани со точна даночна стапка; даночната стапка може да биде изразена во процент или даночен код (даночна група) која е дефинирана на крајот на сметката; 7. евентуални подзбирови; 8. вкупен промет кој се должи, треба да биде искажан со текстот ВКУПЕН ПРОМЕТ и не може да се појави на било која друга линија во сметката; 9. вкупен износ на данок; 10. пресметаниот данок прикажан по даночните стапки, заедно со даночниот код доколку се користи; 11. вкупен промет остварен од македонски производи кој треба да биде искажан со текстот ПРОМЕТ ОД МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ и не може да се појави на било која друга линија во сметката; 12. часот, датумот на издавање и прогресивниот број на сторната сметка; датумот треба да биде прикажан во еден од следните формати дд/мм/гг или дд-ммгг; часот треба да се искаже во 24 часовен формат: ччмм или чч:мм; Точката 5 станува точка 13. Член 4 Во член 31 став (1) се менува и гласи: (1) Дневниот финансиски извештај, ги содржи следниве задолжителни елементи: 1. назив и седиште на даночниот обврзник; 2. назив и адреса на објектот за промет на добра и услуги; 3. даночен број; 4. даночен број под кој е регистриран за ДДВ; 5. вкупен промет од македонски производи од тековниот ден; 6. вкупен данок од македонски производи по секоја поединечна даночна стапка; 7. вкупен износ на данок од македонски производи; 8. вкупен промет од тековниот ден; 9. вкупен промет со вкалкулиран данок, искажан по даночна стапка; 10. вкупен данок по секоја поединечна даночна стапка; 11. вкупен износ на данок; 12. бројот на последната фискална сметка издадена пред затворање; 13. вкупен број на фискални сметки кои се запишани во фискалната меморија; 14. број на сторни сметки од домашни производи и нивната вкупна вредност од македонски производи; 15.број на сторни сметки и нивната вкупна вредност; 16.број на затворањето; 17.бројот на извршените ресетирања на фискалниот апарат од последното затворање; 18. број на вкупно извршени ресетирања на фискалниот апарат од неговото фискализирање до последното дневно фискално затворање; 19. час и датум на печатење; часот треба да биде искажан во 24 часовен формат: чч-мм или чч:мм; датумот треба да биде искажан во еден од следните формати : дд/мм/гг или дд-мм-гг; 20. фискалниот заштитен знак (лого) и регистрациониот број на фискалнииот апарат; 21. со оддалеченост од најмалку две празни линии, податоци од нефискален тип се појавуваат и завршуваат со отпечатување на ( ДНЕВЕН ФИНАНСИСКИ ИЗ- ВЕШТАЈ ). Член 5 Во член 31-а став 1 по точката 7 се додаваат две нови точки 8 и 9 кои гласат: 8. износ на ДДВ од македонски производи во тековниот ден по даночни стапки; 9. вкупен износ на ДДВ од македонски производи во тековниот ден. Точките 8 и 9 стануваат точки 10 и 11. Член 6 Во член 45 став (3) по точката 9 се додаваат две нови точки 10 и 11 кои гласат: 10. вкупен дневен данок од македонски производи по даночни стапки; 11. вкупен дневен данок од македонски производи. Точките 10 и 11 стануваат точки 12 и 13. Член 7 Образецот ФС-01 се заменува со нов образец ФС-01 кој е составен дел на овој правилник. Член 8 Образецот СС-02 се заменува со нов образец СС-02 кој е составен дел на овој правилник. Член 9 Образецот КДФИ-01 се заменува со нов образец КДФИ-01 кој е составен дел на овој правилник. Член 10 Образецот ИСК-03 се заменува со нов образец ИСК-03 кој е составен дел на овој правилник. Член 11 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија, а ќе се применува од 1 април 2008 година. Бр. 11-6436/3 18 февруари 2008 година Министер, д-р Трајко Славески, с.р.
20 февруари 2008 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 25 - Стр. 5
Стр. 6 - Бр. 25 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 февруари 2008
20 февруари 2008 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 25 - Стр. 7
Стр. 8 - Бр. 25 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 февруари 2008
20 февруари 2008 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 25 - Стр. 9
Стр. 10 - Бр. 25 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 февруари 2008
20 февруари 2008 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 25 - Стр. 11 365. Врз основа на член 3 став 2 од Законот за лизинг ( Службен весник на Република Македонија бр. 4/2002, 49/2003 и 13/2006), Министерството за финансии, на ден 11.02.2008 година, издава Д О З В О Л А ЗА ВРШЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ ЛИЗИНГ 1. На Друштвото за финансиски услуги ГАМА - Х ЛИЗИНГ ДООЕЛ, ул. Козара бр. 9, со Единствен матичен број на субјектот 6298605, му СЕ ОДОБ- РУВА да врши финансиски лизинг. 2. Оваа дозвола се објавува во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 11 49557/2 11 февруари 2008 година Министер, д-р Трајко Славески, с.р. 366. Врз основа на член 3 став 2 од Законот за лизинг ( Службен весник на Република Македонија бр. 4/2002, 49/2003 и 13/2006), Министерството за финансии, на ден 11.02.2008 година, издава Д О З В О Л А ЗА ВРШЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИ ЛИЗИНГ 1. На Друштвото за лизинг ТОТО ЛИЗИНГ ДОО, ул. Иво Лола Рибар бр. 104/1/1-5, со Единствен матичен број на субјектот 6299725, му СЕ ОДОБРУВА да врши финансиски лизинг. 2. Оваа дозвола се објавува во Службен весник на Република Македонија. Бр. 11 50099/2 11 февруари 2008 година Министер, д-р Трајко Славески, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА 367. Врз основа на член 57 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа ( Службен весник на РМ бр. 58/2000 и 44/2007) во врска со член 19 од Законот за извршување на санкциите ( Службен весник на РМ бр. 2/2006), министерот за правда донесе Р Е Ш Е Н И Е 1. Затворот со Отворено одделение во Крива Паланка согласно член 19 став 3 од Законот за извршување на санкциите продолжува да работи како полуотворена установа без отворено одделение во Крива Паланка и тоа: Затвор со седиште во. 2. Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка согласно член 19 став 3 од Законот за извршување на санкциите ќе функционира како полуотворена установа со отворено одделение во Крива Паланка и тоа: Затвор Куманово со Отворено одделение во Крива Паланка со седиште во Куманово. 3. Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во Службен весник на Република Македонија. Бр. 08-50/1 Министер за правда, 14 јануари 2008 година Михајло Маневски, с.р. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО 368. Врз основа на член 49, став 5 од Законот за заштита на населението од заразни болести ( Службен весник на Република Македонија бр. 66/2004), министерот за здравство, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА СПРЕЧУВА- ЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА ИНТРАХОСПИТАЛНИТЕ ИНФЕКЦИИ I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските критериуми за спречување и сузбивање на интрахоспиталните инфекции. Член 2 За интрахоспитална (болничка, нозокомијална) инфекција се смета инфекција за која заразувањето временски се поврзува со третманот и со престојот во здравствени установи и може да се јави кај: 1. пациенти додека се во болница, 2. пациенти по отпуштање од болница, 3. пациенти кои се лечени амбулантски, 4. вработен персонал и 5. посетители. Интрахоспиталните инфекции се утврдуваат врз основа на клиничко - епидемиолошки податоци и лабораториски испитувања. Член 3 Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следново значење: 1. Епидемија на интрахоспитална инфекција е појава на два или повеќе случаи на болнички инфекции меѓусебно поврзани по место, време и начин. 2. Ендемија на интрахоспитална инфекција е појава или перзистирање на болнички инфекции предизвикани со ист причинител, поврзани по место, начин, но со различно временско јавување. 3. Ризични оддели се оддели на кои се лекуваат болни со зголемен ризик од појава и развој на интрахоспитални инфекции, а врз основа на честотата и тежината на болничките инфекции се делат во три категории: - Оддели со висок ризик се единици за интензивно лекување и нега, стерилни единици, неонатолошки единици за интензивно лекување, оддели за изгоретини, трансплантација, кардиохирургија, неурохирургија, васкуларна хирургија, ортопедија, трауматологија, хемодијализа, како и хематолошки и онколошки оддели; - Оддели од среден ризик се општи хируршки, уролошки, неонатолошки, гинеколошко-акушерски и инфективни одделенија; - Оддели со низок ризик се интернистички, освен единици за интензивно лекување и нега од алинеја 1 и 2 на оваа точка, педијатриски, психијатриски, стационарни и геријатриски одделенија и ординации. 4. Болни со зголемен ризик за заболување од интрахоспитални инфекции, се хируршки болни, имунодефициентни болни, недоносени, новородени, болни со изгоретини, болни во единиците за интензивно лекување и нега, болни на хемодијализа и инфективни болни.
Стр. 12 - Бр. 25 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 февруари 2008 II. ПОБЛИСКИ КРИТЕРИУМИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА ИНТРАХОСПИТАЛНИТЕ ИНФЕКЦИИ Член 4 Поблиските критериуми за спречување и сузбивање на интрахоспиталните инфекции, во смисла на овој правилник се: 1. Преглед, тријажа и санитарна обработка на болните при прием на болничко одделение, а спрема клинички индикации се врши микробиолошка и епидемиолошка обработка на болниот; 2. Спроведување и контрола на санитарно-хигиенски режим на работата, и однесувањето на вработените лица, болните и посетителите внатре во здравствената установа; 3. Чистење, миење, проветрување на работни простории и помошни простории и нивната опрема; 4. Хигиена и дезинфекција на раце, кожа, слузница; 5.Дезинфекција на инструменти, медицински прибор и околина; 6. Стерилизација на опремата и приборот за медицински интервенции (или постапки); 7. Асептична и хигиенска постапка со приборот и инструментите за вршење на медицински зафати; 8. Собирање, селекција, перење, стерилизација и транспорт на болничкиот веш; 9. Обезбедување безбедна храна, вклучувајќи ја и водата за пиење, како и санитарно-технички и хигиенски услови за припрема, чување и делење на храната; 10.Обезбедување безбедна и квалитетна вода за потребите на хемодијализа; 11.Обезбедување на кавалитетен воздух; 12. Дезинсекција и дератизација на простории; 13. Управување со медицинскиот отпад; 14. Рано откривање, изолација, и лечење на лица заболени од интрахоспитална инфекција; 15. Пријавување на интрахоспитални инфекции (спорадични случаи и интрахоспитални инфекции во ендемски и епидемиски облик); 16. Следење на честотата на јавување на интрахоспиталните инфекции во однос на видот на инфекцијата, предизвикувачот, популација на болните, примена на дијагностички и тераписки постапки и нивна евиденција; 17. Следење на резистенцијата на поедини видови на микроорганизми, следење на потрошувачката на антибиотици и формирање на листа на резервни антибиотици; 18. Спроведување на превентивни и посебни мерки (имунизација, хемопрофилакса, серопрофилакса) како и микробиолошка контрола на жива и нежива средина; 19. Обезбедување на хигиено-технички исправни објекти, опрема и инсталации во склад со медицинските потреби и учество на членовите на Комисија за следење на интрахоспиталните инфекции при изведување на градежно-технички зафати во здравствената установа; 20. Постојана обука на сите вработени (здравствен и помошен персонал) во спречување, сузбивање и следење на интрахоспиталните инфекции. Континуирана едукација на членовите на комисијата за следење на интрахоспитални инфекции; 21. Комисија за следење на интрахоспиталните инфекции; 22. Обезбедување лекар, однсоно медицинска сестра (со средно, вишо или високо образование) за следење на интрахоспитални инфекции; 23. Интерни упаства за спречување и сузбивање на интрахоспитални инфекции. Член 5 Преглед, тријажа и санитарна обработка на болните при прием на болничко лекување од член 4, точка 1 на овој правилник опфаќа: 1. Преглед на болниот на приемно одделние или во амбуланта, при што лекарот врз основа на клиничките симптоми, анамнезата и епидемиолошките податоци одлучува дали е потребна микробиолошка обработка и /или изолација; 2. Епидемиолошката обработка се сосотои од епидемиолошка анамнеза во смисол на утврдување на порано стекнати болнички инфекции или присутни инфекции со резистентни микроорганизми или присуство на ризични фактори битни за развој на болничка инфекција (имплантант, реоперација, коморбидитетни фактори); 3. Санитарна обработка на болниот опфаќа капење и туширање, облекување во чист веш, депедикулација во случај на вошливост и 4. Чување на личната гардероба на болниот во централна гардероба или предавање на фамилијата. Член 6 Спроведување на санитарно-хигиенски режим при работа и однесувањето на вработениот персонал, болните и посетителите во установата од член 4, точка 2 на овој правилник, опфаќа: 1. Воспоставување на разбирлив и едноставен систем на означување на движење на лицата во самата здравствена установа, означувајќи ги зоните на висок ризик, односно на забранет пристап; 2. Воспоставување на кружен тек на чист и контаминиран материал (веш, инструменти, отпад) на начин кој ќе спречи вкрстување на чист и нечист материал, односно транспорт во затворени колици; 3. Почитување на одредби за организација на здравствена нега на пациентите и 4. Донесување на правилник за куќен ред кој го регулира однесувањето на вработениот персонал, болните и на посетителите. Член 7 Чистење, миење, проветрување на работни простории и помошни простории како и чистење и миење на опремата од член 4, точка 3 на овој правилник, опфаќа: 1. Чистење на просториите и работните површини, на приборот за работа и на други предмети кои подлежат на посебен хигиенски режим, по дневен, неделен и месечен распоред, односно по пишан и прифатен протокол; 2. Машинско или рачно миење на садовите (рачното миење е во троделен садопер со задолжителна дезинфекција и плакнење) и 3. Редовно проветрување на просториите, особено по дијагностички и тераписки постапки, здравствена нега и грижа (дебридман на рани, колоноскопија, преврски на рани, преслекување на постелнина и др).
20 февруари 2008 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 25 - Стр. 13 Член 8 Дезинфекција на инструменти, медицински прибор и околина од член 4, точка 5 на овој правилник опфаќа: селективно уништување на микроорганизмите во одреден временски интервал со механички (чистење, филтрирање) и физички (топлина УВ зраци) постапки и со хемиски раствори ( дезинфициенси). Дезинфекција со хемиски раствори се дели спрема степенот на бактерицидното делување на дезинфициенсот (ниско, средна и висококвалитетна), спрема намената (кожа, слузокожа, прибор, опрема ) и спрема нивото на ризик (ниско, средно и високо). За спроведување на хемиската дезинфекција треба да се има општа листа на дезинфициенси, листа на дезинфициенси спрема намената и нивото на ризик, како и упатство за примена. Член 9 Стерилизација на опремата и приборот за медицински интервенции од член 4, точка 6 на овој правилник опфаќа уништување на сите видови и на сите облици на живи микроорганизми. Стерилизацијата се врши со врела водена пареа под притисок, со сув и врел воздух, со формалдехид, етилен оксид, плазма пероксид и со гама зрачење. Припремата и постапките за стерилизација опфаќаат: 1. Стерилизација на приборот, инструментите и материјалите за медицински интервенции се врши во централна стерилизација и /или субстерилизација. 2. Материјалот за стерилизација потребно е претходно да се припреми, селектира и запакува. 3. Пред стерилизација употребениот прибор и инструменти (материјалот) што се стерилизира претходно задолжително се потопува во дезинфициенс (машински, рачно) и механички да се исчисти под проточна вода. 4. Приборот и инструментите се редат во сетови за одредени зафати и се разврстуваат останатите материјали. 5. Пакувањето на предметите и материјалите, големината на пакетите, и количината на запакуваниот материjал зависи од видот на стерилизацијата. 6. Во зависност од видот на стерилизацијата постојана контрола на исправноста на работата на стерилизаторот се врши со: - физички методи со кои се мерат физички параметри (температура, време, притисок) за секој вид стерилизација, а со специфични параметри (вакумски Bowie- Dick, концентрација на гас, доза на радиолошко зрачење) за одредени видови на стерилизација; - хемиски методи со кои се контролира секој поединечен сет, а се спроведува со хемиски индикатори за сите видови стерилизација; - биолошки методи, со кои со стандардизирани носачи на бактериски спори се контролира ефикасноста на стерилизацијата; - честотата на биолошката контрола зависи од видот на стерилизацискиот процес и материјалот кој се стерилизира; - за секој стерилизатор се води книга во која се евидентира работата, со соодветни рубрики во кои секојдневно се внесуваат податоци за видот и количинита на стерилизираниот материал, време на почеток и завршување на секој циклус на стерилизација, одговорно лице и резултати од контролата на стерилизацијата; - по звршување на стерилизацијата се обезбедува сигурен транспорт на стерилизираниот материал, на хигиенски начин, без можност за контаминација, оштетување и вкрстување со нечист материјал. Член 10 Асептични и хигиенски постапки со приборот и инструментите при работата од член 4, точка 7 на овој правилник опфаќа: 1. Асептична постапка е употреба на стерилизиран материjал и инструменти, со примена на асептична техника при работата со хируршки дезинфицирани раце, со што се спречува навлегување на микроорганизми во телото на болниот. Се применува при инвазивни медицински интервенции, оперативни зафати, преврски на рани; 2. Под поимот антисепса се подразбира дезинфекција на живо ткиво или кожа на болниот, пред инвазивни постапки и операција; 3. Кај здравствениоте работници тоа значи редукција или одстранување на транзиторната микробиолошка флора на рацете со хигиенскио миење и дезинфекција на раце пред операционите сали; 4. Хигиенските постапки се применуваат каде што ризикот од пренос на микроорганизми е мал и се применуваат постапки на чистење, миење и хигиенско миење на рацете. Член 11 Собирање, селекција, перење, стерилизација и транспорт на болничкиот веш, од член 4, точка 8 на овој правилник, опфаќа: 1. Собирање на нечист веш веднаш по соблекување од болниот и / или креветот и ставање во посебни платнени или непропусливи вреќи без разврстување и носење во перална или привремено чување во просторија за нечист веш која се чисти и дезинфецира секојдневно; 2. Одвојување на контаминираниот веш и посебно носење во перална; 3. Разврстување и означување на вешот во пералната, перење, сушење и пеглање; 4. Складирање на чист, класифициран и подреден веш во сув и проветрен простор. Според дневениот распоред вешот се носи на оддели/централна стерилизација на чисти и дезинфицирани колички, запакуван во чисти и непропусливи вреќи или во дезинфицирани садови; 5. Стерилизирање на одредена категорија веш (за вршење на операции и др). Член 12 Обезбедување безбедна храна, вклучувајќи ја и водата за пиење, како и санитарно-технички и хигиенски услови за подготвување, чување и делење на храната од член 4, точка 9 на овој правилник, опфаќа: 1. Санитарно-хигиенски услови и постапки за складирање на храна, подготвување и делење; 2. Посетување на курсеви за стекнување на знаења за безбедноста на храната, за личната хигиена на лицата кои работат во производство и промет на храна; 3. Носење на соодветна работна облека од вработените во приготвување, превоз и сервирање на храната; 4. Одстранување на неупотребената храна на хигиенски начин со отстранување во посебни садови со капак во посебен простор до колку веднаш не се одстранува; секојдневно миење и дезинфекција на приборот и опремата, вклучувајќи ги и количките за транспорт на храната.
Стр. 14 - Бр. 25 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 февруари 2008 Член 13 Обезбедување безбедна и квалитетна вода за потребите на хемодијализа од член 4, точка 10 на овој правилник опфаќа: Спроведување на посебна контрола на квалитетот на водата во затворениот систем во единиците за хемодијализа која мора да одговори на физичко-хемиски и бактериолошките критериуми. Со бактериолошката контрола на водата во системот за хемодијализа се одредува контаминацијата на опремата. Бактериската контаминација се одредува со испитување на примерок од третираната (кондиционирана) вода за потребите на хемодијализа, концентратот за дијализа и растворите за дијализа пред поминување низ филтерот. Контаминацијата се одредува со квантитативни и квалитативни бактериолошки методи, а се изразува со вид и количина на бактериски колонии во милилитар од примерокот за испитување. При појава на ендотоксични реакции кај болниот се одредува количина на ендотоксин во третираната вода и во растворите за дијализа, а се одредува со стандардизиран LAL - тест. Дозволено ниво на ендотоксин изнесува 0,5 IU / ml. Вкупниот број на примероци за контрола на растворите се утврдува со одредување на критични места на мрежата, зачестеност на контаминацијата на примероците, како и зачестеност на компликациите кај пациентите. Член 14 По завршувањето на комплетната дезинфекција на системот во единиците за хемодијализа се утврдуваат остатоците од дезинфециенсот или други пирогени материи со стандардни тест траки. Во случај на присуство на остатоци системот се плакне до негативна реакција. Член 15 Обезбедување на кавалитетен воздух од член 4, точка 11 на овој правилник опфаќа: изведување, одржување и надзор над затворениот вентилациски систем, системот со негативен притисок, апаратите за кондиционирање на воздухот и механичките филтри на начин кој оневозможува нарушување на здравјето на болниот, вработениот персонал и на посетителите. Обезбедувањето на квалитет на воздухот се спроведува по стандардни прописи за одделни системи, како и со стaндaради за различни видови на операциони сали. Член 16 Дезинсекција и дератизација на простории од член 4, точка 12 на овој правилник опфаќа: постапки за уништување на инсекти и глодари кои можат да бидат вектори на заразни и паразитарни болести, а чија присутност е поврзана со општата хигиена во болницата. Член 17 Управување и постапување со медицински оптад од член 4, точка 13 на овој правилник опфаќа: селекција на местото на создавање, собирање, пакување, водење на евиденција, превоз и хигиенска диспоизиција на начин што спречува ризик од интрахоспитални инфекции, професионално заболување и загадување на животната средина. Медицинскиот отпад се селектира на местото на создавање и се собира во амбалажа прилагодена на неговите својства, количина и начин на чување, превоз и обработка согласно прописите за управување со отпад. Член 18 Рано откривање, изолација, и лекување на лица заболени од интрахоспитална инфекција од член 4, точка 14 на овој правилник опфаќа: 1. Дијагностицирање на интрахоспитална инфекција, микробиолошко утврдување на причинителот и неговите особини и пријава; 2. Епидемиолошко испитување со цел откривање на изворот, патиштата на пренос, резервоарот на причинителот, времето и местото на појавата, како и обемот на болничката инфекција; 3. Изолирање или групирање на болните и на лицата кај кои е откриено постоење на инфекција или колонизација, како и преземање на други општи и посебни мерки за спречување на ширење на болничката инфекција, спрема видот на инфекцијата и причинителот; 4. Соодветно лекување и деколонизација према видот на инфекцијата и причинителот. Член 19 Пријавување на интрахоспитална инфекција од член 4, точка 15 на овој правилник опфаќа: поединечна пријава на интрахоспитална инфекција на образец за пријавување на интрахоспитална инфекција без оглед дали таа се јавила како спорадичен случај, ендемски или епидемиски. Образецот за пријава на интрахоспитална инфекција од став 1. на овој член отпечатен е кон овој правилник и претставува негов составен дел. Член 20 Следење на интрахоспитална инфекција од член 4, точка 16 на овој правилник опфаќа: собирање на поединечни пријави, евиденција и анализа на податоците за појава на интрахоспиталните инфекции. Следењето на интрахоспитална инфекција се врши спрема планот кој го носи комисијата за следење на интрахоспиталните инфекции во кој се дефинираат приоритетите за следење имајќи ги во предвид видот на инфекцијата, причинителот, категоријата на болните и одделите, дијагностичките и тераписките постапки. Чувањето, анализата и коментарот за резултатите се врши со чување на доверливоста на наодите за болните и персоналот. Член 21 Следење на зачестеност на резистенција на микроорганизми, следење на потрошувачката на антибиотици и формирање на листа на резервни антибиотици, од член 4, точка 17 на овој правилник опфаќа: 1. Следење на одредени видови бактерии и нивната резистенција на антибиотици како и следење на зачестеноста на мултирезистентни бактерии во здравствената установа; 2. Следење на потрошувачката на антибиотици во здравствената установа во дефинирани дневни дози на 100 болнички денови; 3. Спроведување на начелата на антимикробно лечење спрема видот, причинителот и зачестеноста на јавување на интрахоспитална инфекција, зачестеноста на појавата на резистентни бактерии и потрошувачката на антибиотици и формирање на листа на резервни антибиотици. Член 22 Спроведување на превентивни и посебни мерки, микробиолошка контрола на жива и нежива средина, од член 4, точка 18 на овој правилник, опфаќа:
20 февруари 2008 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 25 - Стр. 15 1. Обезбедување на здравствено-хигиенски прегледи на вработениот персонал; 2. Пропишана имунизација, имунопрофилакса или хемиопрофилакса на персоналот, како и имунизација, имунопрофилакса и хемиопрофилакса на персоналот или болниот спрема епидемиолошки индикации, вклучувајќи и хемиопрофилакса при одредени хируршки зафати; 3. Спроведување на микробиолошка контрола на болните и контактите во случај на појава или сомневање на болничка инфекција со цел утврдување на потенцијалниот извор и воведување на мерки за сузбивање на интрахоспиталната инфекција; 4. Бактериолошка обработка на сите инфекции на одделите, со следење на зачестеноста на јавување на резистентни соеви на одделни оддели и бактериолошко испитување на неживата средина, која се спроведува континуирано најмалку на три месеци (квартално), а на ризични оддели и почесто и при постоење на епидемиолошки индикации. Член 23 Обезбедување на хигиено-технички исправни објекти, опремата и инсталациите во соглсност со медицинските потреби од член 4, точка 19 на овој правилник опфаќа: изведување на градежни решенија на просторот, решенија за опремата, обезбедувајќи ги специфичните медицински потреби и стручните барања за намалување на ризикот од интрахоспитални инфекции. Под учество во градежни работи за реконструкција или градба внатре во објектот на постојната здравствената установа, подразбира учество на комисијата за следење на интрахоспиталните инфекции во планирање на тие зафати и почитување на стручните препораки. Член 24 Постојана обука на сите вработени (здравствен и помошен персонал) во спречување, сузбивање и следење на интрахоспиталните инфекции како и континуирана едукација на членовите на комисијата за следење на интрахоспиталните инфекции од член 4, точка 20 на овој правилник опфаќа: 1. Сите здравствени работници и помошен персонал треба да бидат запознаени со мерките за спречување и сузбивање на болничките инфекции (со препораки и постапки) преку едукација на нововработени и постојана едукација на целиот персонал во здравствената установа во која работат; 2. Едукација и континуирана едукација на лекарите кои професионално се занимаваат со болнички инфекции; 3. Едукација на медицинските сестри за болнички инфекции, потоа континуирана едукација во облик на теориска и практична работа која мора да се обавува во болници на високо ризични оддели и со развиена пракса за превенција и контрола на болничките инфекции. Член 25 Комисија за следење на интрахоспиталните инфекции: од член 4, точка 21 на овој правилник која се формира во болничка здравствена установа опфаќа: лекар овластен од директорот за следење на интрахоспитални инфекции во здравствената установа, главна сестра на установата, лекар специјалист епидемиолог или микробиолог или инфектолог, медицинска сестра (со средно, вишо или високо образование) за интрахоспитални инфекции како и лекар специјалист од соодветна специјалност кој се занимава со интрахоспитални инфекции. Ако здравствената установа нема вработено здравствен работник од одредена специјалност, може да именува здравствен работник од друга здравствена установа. Член 26 Лекарот од член 4 точка 22 од овој правилник обезбедува: 1. Координација на работата на комисијата за следење на интрахоспитални инфекции; 2. Контролира спроведувањето на Програмата за интрахоспитални инфекции и спроведување на мерките; 3. Следење на состојбата со интрахоспиталните инфекции; 4. Предлагање на дополнителни неопходни мерки за спречување и сузбивање на интрахоспиталните инфекции; 5. Следење на резистенцијата на одредени причинители на заразни болести спрема антибиотиците; 6. Доставување на детален извештај за движењето на интрахоспиталните инфекции со предлог мерки кои треба да се спроведат до директорот на здравствената установа на секои три месеци. Член 27 Медицинската сестра од член 4 точка 22 од овој правилник обезбедува евиденција на појавата на интрахоспиталните инфекции со следните податоци: име и презиме на болниот, година на раѓање, дата на прием за болничко лекување, дата на појава на интрахоспитална инфекција, користени инвазивни дијагностички и / тераписки процедури, причинител, осетливост на антибиотици и исход. Член 28 Интерни упатства за спречување на интрахоспиталните инфекции се: 1. Упатство за чистење, дезинфекција и стерилизација, 2. Упатство за изолација, сместување и постапки со болниот, 3. Упатство за начинот на постапување со медицинскиот отпад, 4. Упатство за начинот на работата на комисијата за следење на интрахоспиталните инфекции. Упатствата се анализираат, ревидираат и се донесуваат на заеднички редовни или вонредни состаноци на комисијата за следење на интрахоспиталните инфекции. Усвоените упатства кои се потпишуваат од директорот на здравствената установа, треба да се наоѓаат во организационите единици на установата. IV. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ Член 29 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да се применува Правилникот за мерките за заштита од ширење на зараза во самите здравствени организации ( Службен лист на СФРЈ бр. 49/86). Член 30 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Бр. 16-2344/1 14 февруари 2008 година Министер, д-р Имер Селмани, с.р.
Стр. 16 - Бр. 25 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 20 февруари 2008 www.slvesnik.com.mk contact@slvesnik.com.mk Издавач: ЈП СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ц.о.- бул. "Партизански одреди" бр. 29. Поштенски фах 51. Директор и одговорен уредник - Тони Трајанов. Телефони: +389-2-3298-860, 3290-471, 3290-449. Телефакс: +389-2-3112-267. Претплатата за 2008 година изнесува 9.200,00 денари. Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена. Жиро-сметка: 300000000188798. Депонент на Комерцијална банка, АД -. Печат: ГРАФИЧКИ ЦЕНТАР ДООЕЛ,.