Јазичната политика во Република Македонија меѓу законската регулатива и практиката

Podobne dokumenty
Збогување со магијата во преводот на Виткаци

Imperceptywność w języku macedońskim i polskim

АНТИГЛОБАЛИЗМOT АНДРАГОГИЈА НА УЛИЦАTA

Надградени показатели на динамичните просторни релации во македонскиот јазик (во балкански контекст)

Polskie ślady w Macedonii

ВАМПИРИТЕ BO МАКЕДОНСКИГЕ ВЕРУВАЊА И ПРЕДАНИЈА

Club Fontana. Thursday, 4 September :15-14:15 JOURNALISM STUDIES / CRITICAL THEORY AND MEDIA CRITICISM. 12:00-12:30 Coffee break

СИЛВАНА СИДОРОВСКА-ЧУПОВСКА. научен советник/редовен професор во Балканолошкото одделение

Title: Kategoria świadka w przekładzie prozy macedońskiej

КАКО ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД МОЗОЧЕН УлАР

П Р Е Л И М И Н А Р Н А П Р И Ј А В А

NADZIEJE I STRACONE ZŁUDZENIA. WOJNY BAŁKAŃSKIE W ŚWIETLE TEKSTÓW Z KRĘGU DIMITRIJI ČUPOVSKIEGO I KRSTE P. MISIRKOVA

551 Димитровски, Тодор: Коле Неделковски. ЛЗб 8/4, 1961, Конески, Блаже: Македонскиот Ѓорѓи (Горго) Пулевски. КЖ 6/2, 1961,

СЛУЖБЕН ЛИСТ нд федеративна народна република

ЧЕКОРИ ПО МОЗОЧЕН УлАР. Информации за оние кои имале мозочен удар

КОГНИТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПОМНЕЊЕ И ЗАБОРАВАЊЕ ОД СЕМАНТИЧКИ И СИНТАКСИЧКИ АСПЕКТ. (македонско-полски паралели)

Број 26 3 март 2017, петок година LXXIII

139 Поленаковиќ, Харалампие: Две збирки од афоризми на [Јордан Хаџи Константинов] Џинот. ГЗбФф 7, 1954,

Шенкевич. Со оган и со меч 1

Квалификационен период: 1 јануари 28 февруари 2013 г.

Safe & Sound Дигитален аудио монитор за бебе BM1000 Корисничко упатство

ARTYKUŁY W JĘZYKU ANGIELSKIM:

Број јули 2017, четврток година LXXIII

Safe & Sound Монитор за бебе со дигитален екран за звук BM2000. Корисничко упатство

Ја искористивме Програмата Летен бизнис предизвик во период јули-септември 2012 и се квалификувавме за престој со две ноќевања во Солун и присуство

Име, презиме и титула: Добрила Миловска, редовен професор Наслов на докторат и година:

macedońskim na przykładzie tekstów prasowych

С О Д Р Ж И Н А. Број 25 Год. LXIV Среда, 20 февруари 2008 Цена на овој број е 190 денари.

Земја/Country/Kraj. Part I: Details of dispatched consignment. Дел I: Детали за испратената пратка. Część I: Dane dotyczące przesyłki

Zofia Dembowska. P. Bu kowsk i, M. Heydel: Współczesne teorie przekładu. Antologia. Kraków 2009, s. 37.

Komentarz do przekładów literatury polskiej na język macedoński w 2016 roku * 1

1. Општо Илиевски, Петар Хр.: Појава и развој на писмото (со посебен осврт кон почетоците на словенската писменост). Скопје : МАНУ, с.

Bałkańskie kompleksy gorszej Europy w prozie Ermisa Lafazanovskiego

Stereotypy w dowcipach macedońskich

1. Општо Илиевски, Петар Хр.: Јазиците на почвата на Македонија во античкиот и рановизантискиот период. [1728.], 1996,

Марек Крајевски СМРТ ВО БРЕСЛАУ ~ 1 ~

Fallocentryczne stereotypy Stanisława Ignacego Witkiewicza w macedońskim przekładzie powieści Pożegnanie jesieni

14. Ивановска, Гордана: Со почит кон делото на проф. Крум Тошев. МЈ 36 37, ,

1. Општо 301. Конески, Блаже: Мојата соработка со проф. Крум Тошев. [348.], 1988,

Magdalena Błaszak Przekłady literatury macedońskiej w Polsce i polskiej w Macedonii w latach Przekłady Literatur Słowiańskich 5/2,

1. Општо 1.1. Хроника (јубилеи, годишници, извештаи од конгреси и сл.) 535. Видоески, Божидар: Mакедонско-полски контакти во областа на лингвистиката.

Grupy samogłoskowe w dialektach kosturskich

Bibliografia w układzie chronologicznym:

La t o p i s y. Pod redakcją Marzanny Kuczyńskiej. Białystok 2015

3238. Ѓуркова, Александра: За македонските состојби: јазична политика или политика на јазикот. ЛЗб 49/3 4, 2002,

кирилица: 649 Апостолски, Михајло: Револуцијата и јазикот. ИКал, 1974, Хроника (јубилеи, годишници, извештаи од конгреси и сл.

3452. Дрвошанов, Васил: Отслик на творечкиот подем. ЛЗб 50/5 6, 2003, 7 9.

Листа на грантирани проекти од Еразмус+ програмата за 2017 година

*На 10 април 2014 година во Стопанската комора на Македонија

990 Минова-Ѓуркова, Лилјана: Монолитна личност. Во знак на сеќавање на проф. Крум Тошев. Стрем 20/10, 1976,

Д О П О Л Н У В А Њ Е за претходните години

Dyrektora Instytutu Nauk Politycznych i Stosunków Międzynarodowych Uniwersytetu Jagiellońskiego dra hab. Roberta Kłosowicza, prof.

O nobilitowanych przymiotnikach

974. Видоески, Божидар: Развојот на македонската лингвистика со осврт на улогата на проф. Блаже Конески. Пред 24, 1992, <1.

ПЕРИОДИКА. Балканско езикознание = Linguistique balkanique. София. Билтен на Македонската академија на науките и уметностите. Скопје.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ - СКОПЈЕ МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЛИТЕРАТУРА И КУЛТУРА

PARTIE POLITYCZNE I UDZIAŁ MNIEJSZOŚCI W ŻYCIU POLITYCZNYM MACEDONII I BUŁGARII

ORGANIZACJA SYSTEMU EDUKACJI W BUŁGARII


Lech Miodyński. Key words: Macedonian literature, Polish literature, translation, choice representativeness, cultural restrictions.

Управа на Семинарот: проф. д-р Максим Каранфиловски, директор Благица Велјановска, секретар

3125 Видоески, Божидар: Славистиката во светот за македонскиот јазик. ЛЗб 31/5, 1984,

Lidija Tanuševska. Uniwersytet św. św. Cyryla i Metodego w Skopju, Instytut Slawistyki,

Helena Boguta, klasa 8W, rok szkolny 2018/2019

UMOWY WYPOŻYCZENIA KOMENTARZ

УЏБЕНИЦИ ЗА 1. РАЗРЕД

Dr hab. Krzysztof Wrocławski emeryt. profesor nadzw. Uniwersytetu Warszawskiego Instytut Slawistyki Zachodniej i Południowej

ERASMUS + : Trail of extinct and active volcanoes, earthquakes through Europe. SURVEY TO STUDENTS.

Analysis of Movie Profitability STAT 469 IN CLASS ANALYSIS #2

:001.4

Linguistic identity of the Internet communication users. On the example of the discussion group

Składany czajnik turystyczny CJ-0110

Transformacje translatorskie w przekładzie bułgarskiej bajki magicznej Trzej bracia i złote jabłko (kod estetyczny)

Zakopane, plan miasta: Skala ok. 1: = City map (Polish Edition)

Ankiety Nowe funkcje! Pomoc Twoje konto Wyloguj. BIODIVERSITY OF RIVERS: Survey to students

Weronika Mysliwiec, klasa 8W, rok szkolny 2018/2019

Instrukcja obsługi Laser kątowy Руководство по эксплуатации Угловой лазер Упътване за употреба Ъглов лазер Art.-Nr. : I.-Nr.

THE MOBILITY NEWSPAPER 1ssue 3

Procedura przyspieszona z czym to się je? Arbitrażowe Forum Młodych

Auschwitz and Birkenau Concentration Camp Records, RG M

ZGŁOSZENIE WSPÓLNEGO POLSKO -. PROJEKTU NA LATA: APPLICATION FOR A JOINT POLISH -... PROJECT FOR THE YEARS:.

Polityczne aspekty sporu o status Macedońskiej Cerkwi Prawosławnej (MCP) ( )*

Katowice, plan miasta: Skala 1: = City map = Stadtplan (Polish Edition)

ПЕРИОДИКА И СЕРИИ. Балканско езикознание = Linguistique balkanique. София. Билтен Билтен на Македонската академија на науките и уметностите. Скопје.

Pamięć o granicach. Demarkacyjna produktywność Wodzic w mijackich wsiach Bituše i Ehloec1

OBWIESZCZENIE MINISTRA INFRASTRUKTURY. z dnia 18 kwietnia 2005 r.

POLITYKA PRYWATNOŚCI / PRIVACY POLICY

DOI: / /32/37

Inclusion is not illusion

EGZAMIN MATURALNY Z JĘZYKA ANGIELSKIEGO

13th USTKA. Ohrid - Macedonia. Progress in surgery and oncology. Under the patronage of the President of The Republic of Macedonia - Gorgi Ivanov

ARNOLD. EDUKACJA KULTURYSTY (POLSKA WERSJA JEZYKOWA) BY DOUGLAS KENT HALL

UZUPEŁNIA ZESPÓŁ NADZORUJĄCY EGZAMIN W KLASIE TRZECIEJ GIMNAZJUM Z JĘZYKA ROSYJSKIEGO POZIOM PODSTAWOWY KWIECIEŃ miejsce na naklejkę z kodem

Ankiety Nowe funkcje! Pomoc Twoje konto Wyloguj. BIODIVERSITY OF RIVERS: Survey to teachers


ЗАКОН. Четврток, 9 ноември 1972 БЕЛГРАД

KARTA PRODUKTU. A Nazwa dostawcy Amica S.A. B1 Identyfikator modelu

Zbiór artykułów poświęconych kwestii macedońskiej zawiera teksty

Jerzy Szczepański 1 CZY MOŻNA MÓWIĆ O POLSKIEJ POLITYCE GOSPODARCZEJ W XIX WIEKU?

Transkrypt:

Slavia Meridionalis 12 SOW, Warszawa 2012 Институт за македонски јазик Крсте Мисирков Скопје Јазичната политика во Република Македонија меѓу законската регулатива и практиката Едно од најважните прашања во врска со јазичното планирање, особено во Европа и во Европската Унија, и особено по пропаѓањето на големите сојузни држави и осамостојувањето на низа нови држави, е прашањето за статусот на јазиците, особено во мултикултурните средини. Заштитата на малцинските јазици во Европа е дел од темите со кои се занимава Советот на Европа, којшто е формиран во Стразбур во 1949 година. Мирот и стабилноста се основните причини за неговото создавање, како и на создавањето на Европската Унија (којашто произлегла од Европската заедница формирана во 1957 година), а понатаму дејноста се проширила и на други цели, па така настанала и делумна поделба на надлежностите меѓу овие две организации. Советот на Европа се фокусирал на човековите права, парламентарната демократија, владеењето на правото и промоцијата на заедничките вредности. Оттаму, како дел од темите со кои се занимава секако се јавуваат и јазикот и јазичните права. Така, во 1992 година, Советот ја усвоил Европската повелба за регионални и малцински јазици1, којашто стапила на сила 1 http://www.aopz.gov.mk/tekstovi/konvencii/evropska%20povelba%20za%20jazici.pdf

224 на 1 март 1998 година и им била понудена на членките на Советот за потпишување и ратификација. Во оваа Повелба главна цел е заштита на загрозените јазици, односно овозможување на користење на малцинските јазици, а не е толку фокусирана на јазичните права, коишто, пак, се регулирани во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Регионалните и малцинските јазици во Повелбата се дефинирани како јазици кои на територијата на една држава традиционално ги употребуваат државјани на таа држава кои претставуваат бројно помала група од останатиот дел од населението на државата; и кои се различни од официјалниот (официјалните) јазик (јазици) на таа држава; тој поим не ги вклучува ниту дијалектите на официјалниот (официјалните) јазик (јазици) на таа држава, ниту јазиците на мигрантите. Понатаму, во Повелбата е дефинирано и што се подразбира под територија на која се употребува регионален или малцински јазик, и тоа како географска област во која тој јазик е средство за изразување на определен број лица кој го оправдува донесувањето на одделни мерки на заштита и унапредување предвидени со оваа Повелба. Исто така, објаснето е и што се подразбира под јазици без територија, односно јазици со кои се служат државјаните на државата, а кои се различни од јазикот (јазиците) на кој (на кои) говори останатиот дел од населението на државата, но кои, и покрај тоа што се во традиционална употреба на територијата на државата, не можат да се однесуваат на некоја посебна нејзина географска област. Повелбата содржи и два дела (дел II и дел III) кои ги дефинираат обврските на државите кои ќе ја потпишат и ратификуваат, и тоа, во едниот нормативен дел се наведени општите принципи и цели, како што се признавањето на регионалните и на малцинските јазици како извор на културното богатство на заедницата, нивно чување, поттикнување на нивно усно и писмено користење, спречување на дискриминацијата и на нетолеранцијата кон нив, олеснување на нивната употреба во јавниот и во приватниот живот, нивно учење и проучување итн. Ова се однесува за сите потписнички на Повелбата. Во дел III, пак, се конкретизирани овие општи начела во практични мерки коишто зависат од посебноста на секоја потписничка одделно. Овој дел на Повелбата се применува само на јазиците коишто секоја држава посебно ги навела при ратификацијата на Повелбата.

Јазичната политика во Република Македонија меѓу законската 225 Според ова, Повелбата претставува една правна рамка којашто им се препорачува на потписничките со цел да се заштитат регионалните и малцинските јазици. Сепак, државите потписнички имаат доволно слобода самите да одлучуваат за бројот на пријавените јазици и за обемот на заштитните мерки. Се разбира, во процесот на примена на начелата наведени во Повелбата произлегле низа проблеми, и тоа теоретски, методолошки и практични, но сепак нејзината примена главно се смета дека е позитивна. Република Македонија ја потпишала Европската повелба за регионални и малцински јазици во 1996 година, но нејзината ратификација е замрзната. Во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства2, пак, во членот 9, се вели дека секој припадник на национално малцинство ја вклучува слободата на мислење и примање или давање информации или идеи на малцински јазик, а пак членот 10 е целиот посветен на јазичните права и тоа правото на слободна и непречена употреба на неговиот малцински јазик дома и на јавни места, усно и во пишана форма, обезбедување услови за користење на малцинскиот јазик во односите меѓу припадниците на националните малцинства и административните власти итн.3 Овде мора да се истакне дека во поглед на заштитата на правата на малцинствата сите држави што произлегоа од СФР Југославија наследија високи стандарди коишто ги задржаа и ги усовршија. Албанскиот јазик, како и останатите малцински јазици, во времето кога Република Македонија беше во рамките на СФРЈ, главно, ги имаше овие јазични права што се наведени во Европската повелба за регионални и малцински јазици и во Рамковната конвенција на националните малцинства. Почетоците на јазичното планирање во Македонија датираат од 60 -тите години на XIX в., кога македонското граѓанство, во заедница со бугарското граѓанство стапува во борба против Цариградската патријаршија и против употребата на грчкиот јазик во црквите и училиштата 4. Тогаш се појавија две струи во решавањето на прашањето за литературен јазик на Македонците: едната беше за заеднички јазик со Бугарите во кој подеднакво ќе бидат застапени и бугарски и македонски јазични црти, а другата струја (на т.н. македонисти) беше за создавање на посебен македонски литературен јазик. Но, во тоа време, историските услови не 2 http://amos.org.mk/gradenje_lokalni_kapaciteti/megunarodni15.htm 3 Република Македонија ја потпиша оваа Конвенција на 25 јули 1996, ја ратификува на 10 април 1997, а стапи во сила од 1 февруари 1998 година. 4 Б. Конески, Историја на македонскиот јазик, Скопје 1986, с. 16.

226 дозволија да се реши ова прашање. Значајна година е 1903, кога во Софија од печат излезе делото За македонцките работи од Крсте Петков Мисирков, кое претставува темел за македонскиот литературен јазик и во кое се дадени основните поставки кои ќе бидат прифатени и реализирани во конечната кодификација, а тоа се: за основа на литературниот јазик да се земат централните говори, правописот да биде фонетски и во лексичкиот состав на македонскиот јазик да влегуваат зборови од сите македонски дијалекти. Конечно, македонскиот јазик се кодифицира по Втората светска војна. Со решението на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година македонскиот јазик се прогласи за службен јазик во македонската држава и официјално се усвоија македонската азбука и правопис. Комисијата за азбука и правопис во дефинитивна форма ги формулира своите ставови во Резолуција, донесена на 3 мај 1945 година, а усвоена на 5 мај 1945 година од Народната влада на Македонија. Правописот на македонскиот јазик е прогласен на 7 јуни 1945 година5. Со тоа македонскиот јазик конечно го доби вистинскиот статус. Во рамките на поранешна Југославија македонското јазично планирање го доживеа своето златно време и процут. По распадот на Југославија, во 90 -тите години на минатиот век, македонскиот јазик доби уште повисок статус како единствен службен јазик во Република Македонија. Концептот една нација една држава еден јазик е многу ретка состојба во светот (во Европа тоа се на пример Исланд и Португалија), па така тоа т.н. свето тројство како романтичарски и националистички идеал уште од XVIII в. денес е, всушност, во поголемиот дел утопија. Но, тој стремеж сепак сè уште цврсто опстојува и претставува основа за различни политички манипулации6. Проблемот е во тоа што јазикот вообичаено се смета за една од најважните, ако не и најважна одлика на идентитетот на определен етницитет, иако во реалноста не секогаш е така. На примep, во светот постојат нации коишто зборуваат на еден јазик (Унгарци, Чеси, Албанци, Јапонци), потоа една нација може да се служи со повеќе јазици (Белгијци, Швајцарци, Канаѓани) и, обратно, еден јазик да служи на повеќе нации (англиски, шпански, француски). Исто така, јазикот со тек на време може и да се замени, што е особено често во имигрантски услови, а некои заедници, пак, од темел се повеќејазични, па нивниот идентитет тешко може да се врзе со еден јазик (Евреи, Курди, Роми)7. 5 Општа граматика на македонскиот јазик, Скопје 2008, с. 88. 6 R. Bugarski, Nova lica jezika, Beograd 2002, c. 171. 7 Пак таму, с. 172 173.

Јазичната политика во Република Македонија меѓу законската 227 Сепак, секој јазик и секоја држава претставуваат случај за себе и ниедна ситуација не е идентична. На пример, македонскиот јазик е особено важен за Македонците затоа што сè уште претставува основа за негирање на македонскиот идентитет од страна на Република Бугарија и на Република Грција. Бугарите сметаат дека македонскиот јазик претставува дијалект на бугарскиот, а Грците ја негираат придавката македонски и го нарекуваат јазикот словенски. Оттаму и произлегува зголемената чувствителност на Македонците кон македонскиот јазик. Секое негово загрозување се смета за загрозување на македонскиот идентитет. Иако во рамките на поранешна Југославија македонскиот јазик беше признаен како рамноправен, тој имаше понизок статус од српскохрватскиот јазик кој беше службен јазик на сојузно ниво, јазик за меѓународна комуникација, јазик на војската итн. Српскохрватскиот јазик беше задолжителен предмет во основните училишта, додека останатите јазици не (словенечкиот, македонскиот и др. не се изучуваа во другите републики). Така, по осамостојува њето на Република Македонија македонскиот јазик доживеа еден вид преродба полека се губеше чувството на инфериорност од српскохрватскиот јазик, започна засилена издавачка дејност на македонски јазик итн. Статусот на албанскиот јазик во Република Македонија за тоа време не се промени многу. Албанскиот беше застапен во претшколските установи, во основните и средните училишта и на катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Со тоа албанското малцинство не беше задоволно од статусот на нивниот јазик. По конфликтот во 2001 година, со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, можеме да идентификуваме нов јазичен режим кој се употребува во земјата 8. Овде ќе го разгледаме тој нов јазичен режим од аспект на законската регулатива и од аспект на фактичката состојба. Во врска со различните јазични ситуации во светски рамки, може да се изделат две главни дистинкции на јазичните права: меѓу позитивните и негативните права и меѓу територијалните и личните права. Првата дистинкција се однесува на политиката на државата кон ограничување или кон охрабрување на употребата на даден јазик, а втората ја нагласува територијалната сфе- 8 J. Близнаковски, Нормативна рамка за јазичните права на малцинствата во Македонија во согласност со Охридскиот рамковен договор, Евродијалог 14, Списание за европски прашања, НИП Студентски збор, Скопје, Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум, Скопје 2011, с. 133. http://evrodijalog.eu/pdf/ ED14/EVRODIJALOG Br14_06 Jovan Bliznakovski.pdf

228 ра каде се доделуваат колективни јазични права, односно јазичните права да постојат на дел или на целата територија на државата9. Според Шифман, територијалното јазично право претставува право на употреба на даден јазик ограничено во рамки на дадена територија на државата или дури и во одредени домени во дадена ограничена територија, додека личното право преносливо ѝ припаѓа на личноста каде и да се движи 10. Според Уставот на Република Македонија од 1991 година, употребата на малцинските јазици како официјални на локално ниво беше дозволена, но по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор дојде до промена на два члена од Уставот тоа е членот 7 кој претрпе поголеми промени (се однесува на употребата на даден јазик во официјалната комуникација), а промените во членот 48, кој се однесува на употребата на даден јазик во образовниот систем, беа минимални. Овие промени на статусот на дадени јазици имаат општествена основа, а тоа главно се однесува на демографските промени и новата констелација на меѓуетнички односи на политички план и прифаќањето на концептот на мултикултурализмот на општествен план кој излезе од рамките на моделот нација држава, т.е. на еднонационалниот јазичен ексклузивитет11. Според податоците од пописите, на пописот од 1953 година на мајчин македонски јазик зборувале 66,0% од граѓаните, а на мајчин албански 12,5%. На пописот од 1994 година, на мајчин македонски јазик зборувале 66,6%, а на мајчин албански 22,8%. Како што се гледа од овие проценти, бројот на македонските говорители е речиси ист, додека бројот на албанските говорители се зголемил речиси двојно. Податоците од последниот попис од 2002 година со кој има и повеќе од 25% Албанци во Македонија се повеќе од проблематични, со оглед на фактот дека пописот не е потпишан од страна на Државната изборна комисија, зашто таа оценила дека пописот е фалсификуван 12. Поради низа неправилности во изведувањето на пописот и, особено, во електронската обработка на податоците, што предизвика сомневање преку кое ДПК не можеше да помине, донесе заклучок 9 Пак таму, с. 137. 10 H. F. Schiffman, Linguistic Culture and Language Policy, London New York 1996, c. 29; J. Близнаковски, цит. труд, с. 133 152. 11 J. Корубин, Општествена основа на јазичната политика денес, [вo:] Зборник на трудови од научниот собир Јазичната политика и статусот на македонскиот јазик, одржан на 30 31 март 2005, Институт за македонски јазик Крсте Мисирков, Јазикот наш денешен, кн. 13, Скопје 2005, с. 50. 12 Б. Ристовски, Статусот на македонскиот јазик денеска, пак таму, с. 16.

Јазичната политика во Република Македонија меѓу законската 229 дека пописот од политички причини е можеби прифатлив, но од стручен аспект истиот не е прифатлив 13. Затоа пописните резултати беа признаени само од меѓународните фактори, а надлежните стручни и државни тела беа отстранети, додека директорката на Државниот завод за статистика беше неочекувано сменета 14. Едно од проблематичните места е дека над 100 000 исламизирани Македонци се регистрирани како Албанци и делумно како Турци само ако се извади таа неоспорна бројка од вкупниот број на декларираните Албанци и ако таа се додаде на бројот на Македонците, лесно може да се проценува колкав е вистинскиот процент на етничките Албанци во Република Македонија15. Токму поради овие случувања, Македонците со голема доза на скепса ги прифаќаат овие податоци, како и сите промени на законската регулатива кои произлегуваат од податоците од нерегуларниот попис. Општествената основа на промените во статусот на јазиците, покрај демографските промени, се огледува и во промената во политичкиот систем која доведе до промени во правната регулатива и поради фактот дека, како што во социолингвистиката се забележува, јазичното суштествување на одделните етникуми е внатрешен проблем, но кој станува во определени ситуации и надворешен, затоа што подлежи и на извесни меѓународни нормативи16. Главниот извор на промените во статусот на јазиците во Република Македонија е повеќе пати спомнуваниот Охридски рамковен договор, според кој: 6.4. Низ цела Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. 6.5. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така, е службен јазик, како што е овде образложено Кое било лице што живее во единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од населението зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со регионалната канцеларија на централната влада, надлежна за таа општина; таквата канцеларија ќе одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот. Кое било лице може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со главна канцеларија на централната влада, која ќе му одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот. 13 Пак таму, с. 16. 14 Пак таму, с. 16. 15 Пак таму, с. 17. 16 Корубин, цит. труд, с. 51.

230 Во членовите на Договорот е подвлечено дека јазикот што го зборуваат најмалку 20% од населението на Република Македонија може да се употребува дополнително на македонскиот, што значи дека не го исклучува македонскиот јазик. Во 2008 година е донесен Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа17, според кој: Член 2 Во органите на државната власт во Република Македонија може да се користи и службениот јазик различен од македонскиот во согласност со овој закон. Како што беше споменато погоре, целата законска регулатива е донесена врз база на процентот над 20 на албанското малцинство и се однесува исклучиво за албанскиот јазик, а не и за останатите малцински јазици во Република Македонија (турскиот, ромскиот, српскиот), иако во законската регулатива е предвидено и тие под одредени услови да можат да се употребуваат како службени (во единиците на локалната самоуправа). Но, она што е интересно е дека според Законот за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија: Член 40 Име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Во општината во која најмалку 20% од граѓаните користат друг службен јазик различен од македонскиот јазик, името на улицата, плоштадот, мостот и на друг инфраструктурен објект, покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо, се пишува и на јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните на таа општина. Член 42 Во градот Скопје службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо Член 46 Фирмата на трговското друштво гласи на македонски јазик, со кирилско писмо. Фирмата на трговското друштво со седиште во единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да гласи и на тој јазик и се употребува само заедно со натписот во фирмата на македонски јазик, со кирилско писмо. Но, фактичката состојба е сосема поинаква: во единиците на локалната самоуправа каде што живеат мнозинство Албанци натписите, 17 Службен весник на РМ 2008, бр. 101.

Јазичната политика во Република Македонија меѓу законската 231 фирмите, различни соопштенија, билборди итн. се напишани на албански јазик и албанско писмо без превод на македонски јазик. Истото се случува и во текот на изборните процеси плакатите на билбордите се напишани исклучиво на албански јазик, без превод. Ова се коси и со Законот за употребата на македонскиот јазик18, според кој: Член 4 Македонскиот јазик, покрај употребата во органите на државната власт, во органите на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје, се употребува и во: трговските друштва, претпријатијата, установите и другите правни лица регистрирани во Републиката; називите, рекламите и плакатите на правните лица; обележувањето на јавните места; Од ова произлегува дека и покрај тоа што законската регулатива во врска со употребата на јазиците во Република Македонија е широка и обезбедува големи права за малцинските јазици19, таа, сепак, не се почитува. Тоа значи дека не треба да се обвинува толку Охридскиот рамковен договор и законите што произлегоа од него, туку нивната практична примена. Тука треба да се спомене и Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија20, кој беше објавен и на албански јазик. Во преводот, еден дел од имињата на населените места беше преведен на албански јазик. Македонските лингвисти експресно реагираа и одржаа трибина во организација на Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков и Филолошкиот факултет Блаже Конески од Скопје на тема Стандардизацијата на географските имиња во Република Македонија21. Топонимите како јазични и културни споменици и сведоштва за историјата се заштитени со закон и, како и личните имиња, не се преведуваат. Тоа се прави само кога се сака да се затскрие минатото (како што е промената на имињата на топонимите во егејскиот дел на Македонија што е во состав на Република Грција) и тоа не треба да се дозволи. Индикативно е и поставувањето на табли со натписи и имиња на улици на кои називот прво е напишан на албански 18 Службен весник на РМ 1998, бр. 5. 19 Во 2008 година е донесен и Закон за заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението на Република Македонија, Службен весник на PM 2008, бр. 92. 20 Службен весник на РМ 2004, бр. 55. 21 Расправите од оваа трибина беа објавени во 2004 година во едицијата Јазикот наш денешен, кн. 11, на Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков.

232 јазик, па на македонски, или на кои стои македонски натпис, па албанскиот, а не е наведен македонскиот назив на латиница, па тие што не ја знаат кирилицата ќе го прочитаат само албанскиот назив. Во таа насока, не е спорна употребата на малцинските јазици и, особено, образованието на мајчин јазик, туку реалноста во која во единиците на локалната самоуправа во кои живее мнозинско албанско население ретко може да се прочита нешто на македонски јазик (исто како што не може да се види ниту знамето на Република Македонија). Република Македонија не е федерална држава и според тоа македонскиот јазик и кирилското писмо треба да се употребуваат на целата територија на државата. Исто така, не треба да се дозволува државните службеници, како и претставниците на власта од албанска националност да не го разбираат и зборуваат македонскиот јазик. За тоа да не се случува, меѓу другото, треба да се обрне поголемо внимание и на образовниот процес и на наставниот кадар што го предава македонскиот јазик. Често се случува како наставници по македонски јазик да работат лица со албанска етничка припадност коишто на часовите по македонски јазик воопшто не работат според програмата, па така учениците не можат да ги стекнат потребните знаења. Сведоци сме на нови барања за проширување на употребата на албанскиот јазик во Република Македонија од страна на припадниците на албанските политички партии. Тоа што претставници на власта од албанска етничка припадност, пак, го користат албанскиот јазик и за меѓународна употреба, е веќе алармантно. Како што можеше да се види од досега изложеното, Република Македонија ги почитува сите меѓународни закони и конвенции во поглед на заштитата на малцинските јазици. Исто така, има донесено и посебни закони и за малцинствата што претставуваат повеќе од 20% и помалку од 20% од населението на Република Македонија. Европската повелба за регионални и малцински јазици не е сè уште ратификувана, но, како што можеше да се види, Република Македонија овозможила многу поголеми јазични права од тие што се наведуваат во неа. Исто така, треба да се каже дека албанскиот јазик е официјален во две соседни држави Република Албанија и Република Косово, така што не се работи за малцински јазик на кој му се заканува некаква опасност, односно му треба заштита, што е една од главните цели на Повелбата (заштита на загрозени малцински и регионални јазици). Актуелната ситуација во Република Македонија е дезинтеграција меѓу Македонците и Албанците. Албанското малцинство зборува и се школува најчесто исклучиво на албански јазик, на работното место, исто така,

Јазичната политика во Република Македонија меѓу законската 233 го користи албанскиот јазик, ги следи медиумите на албански јазик итн. Разликите се зголемуваат и расне недовербата од страна на Македонците во заинтересираноста на Албанците да живеат во заедничка држава, како и револтот од постојано нови барања. Се разбира дека овде не се оспорува правото на користење на албанскиот јазик, туку некористењето и непознавањето на македонскиот јазик од страна на албанското малцинство, како и непочитувањето на законската регулатива. Македонскиот јазик претставува една од најважните компоненти на македонскиот идентитет и затоа од особена важност е чувањето на неговиот статус во Република Македонија. Овде фокусот сакаме да се насочи не кон намалување на веќе добиените јазични права на малцинствата во Република Македонија, туку кон подигање на нивото на познавање на македонскиот јазик од страна на малцинствата и почитување на законската регулатива на целата територија на Република Македонија. Да не се случува во единиците на локалната самоуправа во кои мнозинство се Албанците македонскиот јазик да биде со понизок статус од албанскиот или воопшто да не се употребува. Јазичната политика што се спроведува во Република Македонија треба да биде под постојана опсервација од сите надлежни органи и да се интервенира со коригирање на одредени неправилности. Само на тој начин ќе се обезбеди мирен соживот во нашата мултикултурна заедница. Polityka językowa w Republice Macedonii między ustawodawstwem a praktyką Streszczenie Artykuł poświęcony jest zagadnieniom związanym ze zmianą statusu języka macedońskiego, jego stanem prawnym i faktyczną sytuacją językową w Republice Macedonii. Kwestia statusu języka macedońskiego pojawiła się po raz pierwszy w XIX wieku, lecz jej właściwe rozwiązanie nastąpiło wraz z kodyfikacją języka literackiego po II wojnie światowej. Wówczas język macedoński został uznany za oficjalny w Socjalistycznej Republice Macedonii i równouprawniony z pozostałymi językami w SFR Jugosławii, przy czym językiem oficjalnym federacyjnego państwa był serbskochorwacki/chorwackoserbski (jako język komunikacji międzynarodowej, język armii i przedmiot obowiązkowego nauczania w szkole podstawowej itd.).

234 Z chwilą ukonstytuowania się Republiki Macedonii jako niezależnego państwa język macedoński został jedynym językiem oficjalnym, sytuacja taka trwała aż do podpisania umowy w Ochrydzie (Ohridskiot ramoven dogovor), kiedy to także albański jako język największej mniejszości etnicznej w kraju zyskał status języka oficjalnego. Słowa kluczowe: status, język macedoński, język albański, oficjalne ustawodawstwo językowe. Language policy in the Republic of Macedonia between legislation and practice Summary The question about the status of the Macedonian language manifests itself for the first time in the 19 th century, but its resolution starts with the codification of the Macedonian language after World War II. The Macedonian language is then declared as an official language in the Macedonian republic and equal amongst the other languages in SFR Yugoslavia. However, the official language in SFR Yugoslavia (the language of international communication, military dealings, one of the core subjects in all elementary schools etc.) was the Serbo -Croatian language. With the formation of an independent Republic of Macedonia, the Macedonian language became the only official language until the peace deal Ohrid Framework Agreement was signed, when the language of the largest ethnic minority the Albanian language gains the status of an official language. The issue of interest of this article is whether the Macedonian language has changed its status and to what extent, what are the terms of legislation for it and the real situation in which it is found in the Republic of Macedonia. Key words: status, Macedonian language, Albanian language, official language, terms of legislation.