Марек Крајевски СМРТ ВО БРЕСЛАУ ~ 1 ~
Ова издание финансиски поддржано од Институтот за литература во Краков преведувачка програма POLAND мрачна серија За Издавачот Филип Димевски Уредник Наталиа Лукомска Наслов на оригиналот: Marek Krajewski Śmierć w Breslau Copyright by Marek Krajewski, 2010 This translation is published by arrangement with Społeczny Instytut Wydawniczy ZNAK, Kraków (Poland) Компјутерска обработка Бегемот Ликовно уредување Бојан Димитријевиќ Сите права на изданието ги има БЕГЕМОТ ДООЕЛ Скопје. Забрането е копирање, умножување и објавување на делови или на целото издание во печатени или електронски медиуми без писмено одобрение од издавачот. ~ 2 ~
Марек Крајевски Смрт во Бреслау Превод од полски јазик Филип Димевски ~ 3 ~
~ 4 ~
Тебе беден времето те откри; Нему скришно ништо не му бива; Го казнува бракот грешен одамнешен На родител и на дете Софокле, Цар Едип (Препев: Љубинка Басотова) ~ 5 ~
~ 6 ~
ПРОЛОГ ~ 7 ~
~ 8 ~
Дрезден, понеделник 17-ти јули 1952 година Пет часот попладне Јулската горештина беше неподнослива. Управ никот на психијатриската болница, Ернст Бенерт, со дланката си ја мазнеше големата ќелава глава. Внимателно погледна во мократа дланка како хиромант. Венериниот рид се лепеше од пот, во линиите на животот сјаеја неговите мали капки. Две муви грчевито се впиваа во трагата, којашто на мушамата ја остави шолјата со сладок чај. Прозорецот од кабинетот беше облеан од безмилосното зајдисонце. Горештината како да не му пречеше на другиот којшто седеше во кабинетот, маж со сјај на црна коса. Со задоволство на сонцето го изложуваше буцкастото лице, украсено со мустаќи и со боцкава брада. Си го почеша обра зот со дланката, на чијшто горен дел се напрегаше истетовирана скорпија. Мажот го погледна Бенерт. Неговите очи придушени од сончевиот блесок одеднаш станаа внимателни. Двајцата знаеме, докторе рече со изразит стран ски акцент дека не можете да ја одбиете институцијата којашто ја претставувам. Бенерт знаеше. Погледна низ прозорецот и наместо некогаш репрезентативното, денеска руинирано здание на аголот, виде заледена панорама на Сибир, замрзнати реки, наноси снег со човечки екстремитети коишто стрчат од под него. Виде шупа, во којашто костури во испокинати мундири се бореа за пристап до железната печка, каде што тлееше оган. Едниот од нив го потсетуваше Бенерт на претходниот ~ 9 ~
директор на клиниката, докторот Штајнбрун, којшто пред половина година не се согласи за распит на еден пациент од страна на Штазите 1. Си ги протри очите, стана и се наведна преку про зорецот позната глетка: млада мајка го кара непослушното дете, брмчи камион којшто носи цигли. Така е, мајоре Махмадов. Лично ќе ве пуш там во одделението и ќе го преслушате тој па циент. Никој нема да ве надгледува. Токму тоа е работата. Тогаш, до гледање на полноќ Махмадов го истресе од мустаќите остатокот од тутунот. Стана и си ги гледаше пан талоните кај бутовите. Кога ја притисна кваката, слушна гласен тресок. Енергично се заврте. Бенерт будалесто се насмевнуваше. Во раката држеше весник Neues Deutschland завиткан во свиток. Две мртви муви лежеа сплескани на мушамата. Дрезден, тој јули 1950 година Полноќ Благодарение на својата фантазија, пациентот Херберт Анвалт во домот на тортурата, како што ја нарекуваше дрезденската психијатриска клиника на Мариен-Алее, издржа веќе пет години. Токму фантазијата беше филтер на чудесните трансформации; нејзе ѝ беше благодарен, што поттурнувањата и шлаканиците на болничарите се менуваа во нежно галење, реата од фекалиите во мирис на пролетна градина, рикањето на болните во барокни кантати, а изгребаните ламперии во фрески на Џото. Имагинацијата му беше послушна: после долги години вежбање му успеа да ја скроти до 1 Штази (гер. Das Ministerium für Staatssicherheit der DDR, Stasi) Министерство за државна безбедност на Источна Германија. ~ 10 ~
тој степен, што, на пример, во себе целосно заглуши нешто, што не би му дозволило да издржи во затвор: поривот за женско тело. Не мораше како мудрец од Стариот завет да го задушува огнот во својата утроба тој пламен веќе одамна беше згаснал. Сепак, фантазијата го изневеруваше кога гледаше мали, пргави инсекти коишто трчкаа по салата. Нивните кафеаво-жолти телца коишто трепкаат во про цепите помеѓу штиците од паркетот, раздвижените пипци коишто стрчат од зад мијалникот, поединечни примери коишто исползуваат на јорганот: бремена жен ка којашто влече блед кожурец, ситен маж јак којшто високо го крева своето тело на влак нестите ноџиња, беспомошни младенчиња кои што се врткаат наоколу со тенките пипци се то тоа предизвикуваше неговиот мозок да биде потресуван од електричните празнења на невро ните. Анвалт целиот болно се свиваше, во кожата му се зариваа размрданите пипци, а фантазијата му ја голицкаа илјадници ноџиња. Тогаш го зафаќаше беснило и беше опасен за другите пациенти, особено откако забележа дека некои од нив ги ловат инсектите во кутивчиња од кибрит и ги фрлаат кај неговиот кревет. Дури мирисот на средствата против инсекти му ги смируваше растреперените нерви. Проблемот би бил решен со пренесување на болниот во друга болница со помалку бубашваби во друг град, но овде се појавуваа непредвидливи, бирократски пречки и сите директори се откажуваа од таа идеја. Д-р Бенерт се ограничи на пренесување на Анвалт во поединечна просторија, во којашто малку почесто се вршеше дезинсекција. Во периодите пред намножувањето на бубашвабите, пациентот Анвалт беше спокоен и главно се занимаваше со проучување на семитските јазици. ~ 11 ~
При таа разонода, за време на обиколката го затекна болничарот Јирген Коп. Иако директорот Бенерт неочекувано го ослободи од де неш ното дежурство, Коп немаше намера да ја напушта болницата. Ја заклучи вратата од со ба та на Анвалт и се упати кон одделението во соседната зграда. Таму седна на маса со двајцата колеги, Франк и Фогел, и почна да дели карти. Скатот 2 беше пасија, на којашто ѝ се оддаваше целиот понизок персонал на болницата. Коп наддаде пик и се отвори со џандар треф за да ги собере адутите. Сепак, не стаса да го собере целиот круг, кога слушнаа нечовечки рик којшто идеше од темното двориште. Кој ли си го дере грлото? се замисли Фогел. Тоа е Анвалт. Штотуку предмалку кај него се запали светлото се насмеа Коп. Сигурно повторно здогледал бубашваба. Коп имаше право, но само делумно. Навистина врескаше Анвалт, но не поради бубашваба: по подот од неговата соба, смешно потскокнувајќи со долгите ноџиња, шеткаа четири крупни, црни пустински скорпии. 2 Скат игра со карти, особено популарна во Германија и Австрија. ~ 12 ~